Германецот, кој е
најплатен играч на Емирати со неделни примања од 350.000 фунти, изминативе недели беше надвор од
стројот и ги пропушти последните три меча на Арсенал поради повреда на грбот.
Се шпекулира дека
Месут Озил се мачи со овој проблем поради тоа што е зависник од популарната
видео-игра „Фортнајт“ и секој ден со часови „дреме“ пред монитор.
Гласините се
интензивираа во последните неколку дена, медиумите разговараа и со експерт на оваа поле, па на оваа тема денеска беше запрашан
и Унаи Емери.
„Не знам“ –
порача кратко тренерот на „топчиите“ и потоа објасни дека Германецот ќе биде во
составот за утрешниот меч со Карабх во Лига Европа. „Озил утре ќе биде
дел од составот, ќе се најде на списокот од 18 играчи за мечот со Карабах.
Останува само да одлучиме дали ќе биде стартер или шанса ќе добие од клупата за
резерви“.