Леонардо и Малдини со полни раце работа, во потрагата на нов напаѓач составиле долга листа со девет имиња!

by
2 минути читање

„Росонерите“
сакаат во јануари да донесат нов голгетер, лидерите на клубот работеа на
спектакуларен трансфер и враќање на Златан Ибрахимовиќ, се шпекулираше дека
двете страни ги договориле условите, но преговорите пропаднаа и Швеѓанецот ќе
остане во ЛА Галакси.

Па Милан ја
продолжува потрагата по напаѓач, и судејќи по пишувањата на медиумите од
Италија, Леонардо и Малдини имаат полни раце работа. На нивната листа има дури
девет имиња.

Во последно време се говори дека директорите го гледаат Фабио Кваљарела како
идеална опција. Фудбалерот на Сампдорија го има потребното искуство и квалитет
да биде од голема помош на Гонзало Игуаин и Патрик Кутроне во вториот дел од
сезоната.

Се говори дека
веќе е остварен контакт со неговиот агент и се опипувал теренот за позајмица до
крајот на сезоната со опција за продолжување на соработката за додатни 12
месеци.

Според пишувањата
на „Тутоспорт“ помеѓу опциите на Милан се и Стариџ и Ориги од Ливерпул, Батшуаји
кој од Челси е на позајмица во Валенсија, Гамеиро кој исто така игра во
Валенсија и Муриел од Севиља.

„Газета дело
спорт“ пак додава дека желба е и Маркус Рашфорд од Манчестер јунајтед, иако
тешко за верување е дека „ѓаволите“ ќе се откажат од својата млада ѕвезда.

Милан исто така
внимателно ја следи и ситуацијата на Куаме од Џенова и Мората од Челси.

Сепак, пред да се направи дефинитивен избор, „росонерит“ ќе почекаат да видат каква ќе биде казната која ќе ја добијат од УЕФА за прекршување на правилата за Финансиски фер плеј.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани