128
Наполи синоќа доживеа несреќен пораз од Ливерпул, Италијанците имаа шанса во судиското продолжение преку Милик, но Алисон го одбрани неговиот удар.
Ливерпул победи со 1-0, но можеби ќе беше поинаку ако Ван Дајк добиеше црвен картон по остриот старт со отворен ѓон врз Мертенс.
Тоа го истакнува Анчелоти кои смета дека да беше ВАР воведе уште во оваа фаза од ЛШ, исходот ќе беше поинаков.
„Тоа требаше да биде црвен картон. Многу се зборува за воведување на ВАР во Лигата на шампионите, но за нас веќе е доцна“, изјави Анчелоти.
УЕФА најави дека од осминафиналето ќе се воведе ВАР технологијата во Лигата на шампионите.
Стартот на Ван Дајк можете да го видите на овој ЛИНК.