Валверде со јасна порака до Дембеле: Правилата важат за сите

by
1 минути читање

Тренерот на
Барселона, Ернесто Валверде упати јасна порака до младиот Осман Дембеле, кој
извесно е дека има големи проблеми со дисциплината.

Најновото нешто
поврзано со Французинот е тоа дека викендов задоцнил цели два часа на
предвидениот тренинг на Каталонците, а потоа тренирал осамен, се вели дека
Барселона испратила одредени лица од клубот до домот на фудбалерот, за да
утврдат што се случува со Дембеле откако тој не се појавил во предвидениот
термин.

Нешто се случи
во неделата, ние ќе се обидеме да го разрешиме тоа прашање
“ рече Валверде во
однос на тоа што се случи со Французинот.

Друго навистина
не би сакал да додадам во однос на тоа, ние ќе се обидеме да му помогнеме на
фудбалерот, бидејќи тој поседува голем талент во себе, ние сакаме да му
помогнеме
“ додаде шефот на стручниот штаб на Каталонците.

Тој е фудбалер
кој ни дава многу работи на теренот, но, ние имаме правила на однесување, а тие
важат за сите
“ заклучи Валверде.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани