69
Андре Силва во Милан дојде во 2017 година за сума од 38 милиони евра, но не ги оправда очекувањата и потфрли на Сан Сиро.
Оваа сезона тој игра за Севиља, таму отиде на позајмица вредна 4 милиони евра, со опција комплетно да биде откупен за 39 милиони евра.
Андре Силва во Севиља се препороди, го врати својот сјај и последните информации велат дека шпанскиот клуб ќе ја искористи опцијта и ќе плати 39 милиони евра за комплетно да го откупи.
Тоа значи дека Милан ќе добие повеќе пари отколку што даде за него, па росонерите можат да бидат задоволни бидејќи барем не се во загуба од ангажманот на Андре Силва.