Убаво почна неделатана фудбалските натпревари, и не можеше подобро, дури осум голови беа постигнати на мечот меѓу Еибар и Леванте.
А дека ќе биде ефикасно беше најавено уште во осмата минута кога Енрих даде гол за водство на Еибар од 1-0, но веќе во следната минута Барди му асистираше на Моралес за изедначување на 1-1, до крајот на првото полувреме Робер погоди за комплетен пресврт и водство на Леванте од 2-1.
Домаќините имаа фуриозен почеток на второто полувреме за 20 минути постигнаа три гола два беа дело на Чарлес еден на Ескаланте. Еибар поведе со 4-2.
Но, тоа не беше се, во 75. минута Тоно намали на 4-3, а кога се чинеше дека домаќинот ќе ги освои трите бода, Морал погоди во судиското продолжение за конечни 4-4.