Ливерпул одигра моќен натпревар на гостувањето кај Борнмут и се врати со голема победа и важни три бода во трката за титулата во Премиерлигата.
Ѕвезда на натпреварот беше Мохамед Салах кој реализираше хет-трик потсетувајќи на игрите од минатата сезона.
Резултатот беше отворен во 25. минута кога Салах постигна гол иако се наоѓаше во мал офсајд, судиите не го забележаа тоа.
По само три минути игра во второто полувреме Салах постигнува нов гол, погоди по асистенција од Фирмино за предност од 2-0.
20 минути подоцна Кук си постигна атрактивен автогол, Ливерпул поведе со 3-0 и тука веќе се беше јасно околу прашањето за победникот.
Во 77. минута Салах го постигна и својот трет гол за негов хет-трик и конечна победа за Ливерпул од 4-0.
Со оваа победа Ливерпул се искачи на првото место во Премиерлигата со бод повеќе од Манчестер Сити кој вечрва од 18:30 му гостува на Челси.