169
Еден од клучните играчи на овој меч беше Жоао Кансело кој му асистираше на Манџукиќ за победничкиот гол.
Бекот претходно играше на позајмица во Интер од Валенсија, но тие не можеа да си дозволат да го откупат, па Јувентус го купи за 40 милиони евра.
„Ова беше важна победа. Интер е голем тим и директен ривал за Скудетото. Интер беше многу важен тим за мене, многу ми помогнаа да созреам. Сега го носам дресот на Јувентус и јасно е дека мислам на бјанконрите, но Интер секогаш ќе остане во моето срце“, изјави Кансело.