Јуриќ по брза постапка доби „клоца“ по срамната елиминација, Прандели ќе му биде нов тренер на Пандев

by
1 минути читање

Иднината на Јуриќ
во неколку наврати беше ставена под знак прашалник изминативе недели, лидерите
на Џенова решија да покажат малку трпение но на Хрватот му нема спас откако
вечерва Џенова доживеаја елиминација во Купот на Италија.

Третолигашот
Виртус Ентела храбро се бореше на „Луиџи Ферарис“ и на пенали приреди
сензација.

Гостите два пати
водеа со головите на Икарди, но Џенова се враќаше благодарејќи на Пјатек, кој
два пати погоди од белата точка. Во продолжението, Лападула од пенал донесе 3-2
за Џенова, но во 121. минута од мечот Адорјан погоди за 3-3 и донесе пенали.

Лападула беше
трагичар во пенал рулетот откако во осмата серија промаши, односно голманот на
Виртус Ентела му го одбрани ударот за големо славје на гостите.

Пандев, кој влезе
на стартот од вториот дел, го изнуди пеналот со кој Џенова поведе со 3-2, но во
пенал серијата не доби шанса и немоќно од средината на игралишетето гледаше
како неговиот тим е шокиран.

По срамната
елиминација, веднаш проструи информација дека Јуриќ добил отказ и на негово
место се најавува Чезаре Прандели.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани