Манчестер
јунајтед и Арсенал ремизираа во дербито на Премиерлигата во кое се постигнаа
четири гола, но, големите љубители на фудбалот проследија не баш атрактивен
фудбал на Олд Трафор од обете екипи.
Жозе Мурињо,
шефот на стручниот штаб на Црвените ѓаволи, фрустриран од грешките кои ги
направија неговите избраници за време на пресметката, рече дека иако неговиот
тим ремизирал со 2-2, постигнал четири гола.
„Ние ремизиравме
со 2-2, но, постигнавме четири гола. Како и секогаш, така и сега, направивме
грешки, а плативме за нашите грешки. Дури и на натпревари како овој, каде ние
одигравме добро, ние секогаш се ‘застрелавме’ самите“
посочи Португалецот.
„Нашиот голем
проблем е во тоа што покрај вакви перформанси не можеме без грешки, секогаш сме
казнувани на ваков начин“ заклучи Мурињо.
Мустафи ги доведе
гостите во почетно водство од 0-1, а Марсијал ги врати домаќините во игра
израмнувајќи на 1-1. Рохо со својот автогол донесе ново водство за Арсенал, кое
траеше само една минута, откако Лингард ги постави конечните 2-2 од синоќешната
пресметка.