112
Според „Сан“, Челси сака некој од Мауро Икарди или Патрик Кутроне да биде замената за Алваро Мората и тоа да се случи уште во јануари.
Икарди е на врвот на листата со желби, тој е првиот избор, но напаѓачот на Интер нема да чини помалку од 100 милиони евра.
Втората цел е напаѓачот на Милан, Патрик Кутроне, но се очекува и „росонерите“ да бидат тврди во преговорите, па ниту тие нема да се откажат евтино од својот фудбалер.
Во Челси сметаат дека на Мората му дадоа и повеќе време отколку што требаше, но тој никако да ги оправда очекувањата за фудбалер кој потпиша за 65 милиони фунти.