Капитенот на
Интер, Мауро Икарди уверува дека заедно со клубот ќе најдат решение околу
преговорите за нов договор, актуелниот му истекува во 2021. година, а во истата
има откупна клаузула од 110 милиони евра која важи за клубови вон Италија.
„Среќен сум,
постоеа контакти со други клубови, но јас одлучив дека најдобро е да останам,
ова е мојот дом, не би можел да си заминам“ вели Аргентинецот во интервју за Sky.
„Сонував да играм
во Лигата на шампионите, тоа го постигнав, не знам дали новиот договор ќе
пристигне пред Божиќ, но ќе се потрудиме да дојдеме до договор“ најави
напаѓачот.
Голема беше желбата на Икарди и на Интер воедно да се најдат во групите од Лигата на шампионите, тоа им успеа по една голема борба се’ до финишот од ланската сезона во Серија А, а веќе тргнаа со две победи и тоа против ПСВ и Тотенхем, идната среда гостуваат кај Барселона.