Рубин Казан нема да игра една сезона во Европа, забраната ќе се ефектура во првата од наредните две сезони ако изборат учество во европските натпреварувања.
„Клубот е исклучен од учество во следното УЕФА клупско натпреварување за кое би се пласирале во следните две сезони“, стои во соопштението на УЕФА.
УЕФА соопштува и дека казната е поради прекршување на спогодбата за порамнување.
Според финансискиот фер плеј, клубовите не смеат да трошат повеќе отколку што генерираат средства.
Клубовите кои ги прекршуваат правилата обично постигнуваат договор со УЕФА кој содржи разни рестрикции со цел за кратко време да се добие финансиско порамнување. Но Рубин Казан очигледно го прекршил тој договор по што сега добива забрана за настап во Европа во прва сезона од наредните две во која ќе избори место за настап во ЛШ или ЛЕ.