Беше на излезна врата од Олд Трафорд, но се избори за нов договор вреден 50 милиони фунти!

by
0 минути читање

Мурињо дал зелено светло за продолжување на договорот со Лук Шо. Тој ќе потпише петгодишен договор вреден 50 милиони фунти. Неделната плата ќе му изнесува 190.000 фунти.

Шо се мачеше со повреди, па беше во немилост на Мурињо кој минатата сезона и јавно го критикуваше. Но бекот со одличните игри ја искористи шансата, имперсионираше и во Манчестер јунајтед и во англиската репрезентација и добива нов, богат договор.

Во наредните денови се очекува Лук Шо и официјално да го потпише новиот договор со Манчестер јунајтед.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани