Дефанзивецот кај
дел од навивачите од „Островото“ веќе има етикета на валкан фудбалер откако во
финалето од Лигата на шампионите Мо Сахал се повреди по еден дуел со него, а Серхио
Рамос исто така беше обвинет и дека намерно со лакт во глава го удрил Лорис
Кариус, по што голманот на Ливерпул се здобил со потрес на мозокот.
Капитенот на Реал
Мадрид и Шпанија сега одново доби лавина критики откако на мечот против Англија
имаше еден дуел со Рахим Стерлинг по кој фановите од Англија го обвинија дека
намерно го нагазнал противникот.
Неколку дена по
инцидентот, Серхио Рамос се огласи на социјалните мрежи и им
ги затна устите на сите зли јазици од Англија. Дефанзивецот постираше видео на
кое се гледа дека нема никаков контакт и дека Рахим Стерлинг е добар глумец, нешто
за кое фудбалерот на Манчестер Сити веќе неколку пати е обвинет од
противничките тренери бидејќи прелесно паѓа во шеснаесетникот и се обидува да изнуди пенал на мечевите од Премиерлигата.
Nada más que decir.
Nothing else to say. pic.twitter.com/BCuQI3n7hT— Sergio Ramos (@SergioRamos) October 17, 2018