Се работи за српскиот дефанзивец Никола Миленковиќ за кој се пишуваше дека бил во нотесот на Жозе Мурињо кој отиде во Подгорица да го следи на дуелот меѓу Црна Гора и Србија.
Според „Кориере дело спорт“, Јувентус веќе испратиле понуда од 35 милиони евра за Миленковиќ. Но се верува дека Фиорентина ќе причека да стигнат понуди и од другите заинтересирани клубови пред да одлучат да го продадат.
Дефанзивецот во 2017 пристигна во Фиорентина од Партизан за сума од 5 милиони евра плус бонуси, оваа сезона тој е незаменлив во одбраната на виолетовите, ги одигра сите осум меча по 90 минути во Серија А и постигна два гола.
Покрај Јувентус и Манчестер јунајтед, за него заинтересиран е и Манчестер Сити.
21-годишниот српски фудбалер е централен дефанзивец кој може да игра и како бек.