79
12 момчиња и нивниот тренер гостуваа во „Елен“ шоуто каде дискусираа за големиот инцидент за прв пат откако се случи тој.
Тие повеќе од две недели беа заглавени во пештера, но на крајот беа спасени од тим на интернационални нуркачки експерти.
Децата кои се на возраст од 11 до 16 години беа пријатно изненадени во емисијата кога се појави Златан Ибрахимовиќ за да ги запознае.
„Мислев дека јас сум бил храбар, но овие деца, овој тим е похрабар од мене… ова веројатно е најдобриот тим во светот“, изјави Ибрахимовиќ кој изнуди насмевки на нивните лица.