Шпанските медиуми по победата на Англија: На Рамос и Начо им се појави Кејн (ФОТО)

by
2 минути читање

Англија славеше
на гостувањето кај Шпанија со 2-3 во рамките на третото коло од групата „Д“ од
лигата „1“ во Лигата на нации, а со самото тоа Гордиот Албион му се реваншираше
на својот ривал од конкуренцијата за стартниот пораз од 1-2 пред своја публика
во воведното коло од ова натпреварување.

Фантастични
перформанси прикажа напаѓачот Кејн, кој иако не успеа да се запише во листата
на стрелците, зад своето име запиша две асистенции, и тоа во голот на Рашфорд
за 0-2, односно Стерлинг за 0-3 по само 38 минути, што беше доволно за
шпанските медиуми да го вметнат во дел од насловите кои ги напишаа по
синоќешниот натпревар.

Кошмар за Рамос
и Начо
“, „Змејот Кејн“, „Кејн ја уништи Шпанија“, „Кејн им се појави на Рамос и
Начо
“ се дел од насловите на тамошните медиуми за победата на Англија, во која се нагласи како напаѓачот беше нерешлива енигма за дефанзивците на домаќинот.

class="twitter-tweet" data-lang="en">

pic.twitter.com/xENmezlGYy

Прва во оваа
група е Шпанија со шест бода, два повеќе од Англија, односно пет повеќе во
однос на Хрватска која има еден меч помалку од двете селекции.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани