Жозе Мурињо веќе
има листа составена од четворица фудбалери кои силно посакува да ги има во
редовите на Манчестер јунајтед за јануарскиот преоден рок.
Португалскиот
стратег ги пикирал српското дуо Сергеј Милинковиќ-Савиќ од Лацио и Никола
Миленковиќ од Фиорентина, како и хрватското дуо Иван Перишиќ од Интер, како и
Анте Ребиќ од Ајнтрахт Франкфурт.
Мурињо од
поодамна е голем љубител на играта која на теренот ја прикажуваат Перишиќ и
Ребиќ, првиот речиси цел летен преоден рок се споменуваше како опција на Олд
Трафорд, но до тоа не дојде, а што се однесува до Милинковиќ-Савиќ и
Миленковиќ, Мурињо беше на трибините од мечот на Србија со Црна Гора во Лигата
на нации а за тоа кого следел од таа пресметка повеќе нема дилеми.
Сепак, на
Островот повторно потсетија дека приоритет на Мурињо е засилување во
дефанзивната линија на Премиерлигашот, па нема да зачуди ако прва опција од
претходно споменатите е Миленковиќ, ако се земе во предвид дека Португалецот
нема доверба во Ерик Баји, а под знак прашалник на таа тема се уште и Маркос
Рохо, Виктор Линделоф, како и Фил Џонс.