Агентот на Пол
Погба, Мино Рајола според информациите кои пристигнуваат наводно има договор со
Барселона за својот фудбалер.
Според пишувањата
на Rai Sport, Рајола и
Барселона имаат некаков договор и покрај цврстиот став на Манчестер јунајтед
дека нема да ја продаде ѕвездата која со својата селекција стигна до светската
титула од последниот Мундијал кој се одржа во Русија.
Шпекулациите
велат дека фудбалерот од средниот ред на Каталонците, Артуро Видал го убедувал
тренерот на Каталонците, Ернесто Валверде да го направи потребниот чекор за да
дојде до потписот на неговиот поранешен соиграч од Јувентус.
25 годишниот
Погба има важечки договор со тимот од Олд Трафорд до 2021. година, Французинот
често беше мета на критики, а од многуте кои ги имаше на негова адреса беше и
онаа на легендата на Премиерлигашот, Пол Сколс, кој подоцна доби и „одговор“
токму од агентот на Французинот, Рајола.