Фудбалерот од
средниот ред на ПСЖ, Марко Верати тврди дека не постоело никакво лажирање на
мечот со Црвена звезда на домашен терен кој францускиот првак го доби убедливо
со 6-1.
Во текот на
минатата седмица „Л’Екип“
пренесе дека еден од функционерите на српскиот шампион се обидел да уплати 5
милиони евра на пораз на белградскиот тим со пет гола негатива, што воедно и се
случи.
Верати смета дека
не постоело ништо сомнително на средбата во Париз, додавајќи дека неговата
екипа одиграла одличен натпревар.
„Не сме слушнале
ништо такво, мислам дека тоа не е точно“ рече Верати по победата на Италија против
Полска во Лигата на нации.
„Ние игравме
фудбал, одигравме одличен натпревар, не е прв пат да победиме со пет гола
разлика, минатата година многу натпревари ги добивме со пет гола разлика, ова
се проблеми кои се вон фудбалските терени и ние не сме заинтересирани за истите“
додаде Италијанецот.