Младата ѕвезда на Реал брзо го заборави Роналдо: Веќе играм со најдобриот!

by
1 минути читање

Реал Мадрид за Винисиус Жуниор минатата година плати 46 милиони евра, рекордна сума за еден јуниор. Година дена подоцна, Бразилецот дебитираше за Реал и тоа во ремито без голови против Атлетико Мадрид.

Тој беше запрашан дали жали што нема да игра со Кристијано Роналдо кој замина во Јувентус.

„Секако дека би сакал да играм со Роналдо, но јас веќе играм со Модриќ, најдобриот фудбалер во светот. Тука е и Карим Бензема. Тие ме земаа под свое и уживам да играм со нив“, вели бразилскиот фудбалер.

„Отсекогаш сонував за Реал. Среќен сум што сум тука тоа чувство кога дебитираве најдоброто нешто кое сум го почувствувал досега“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани