„Лекип“ продолжува со сторијата: Сомнителни се три гола на мечот ПСЖ – Црвена звезда (ВИДЕО)

by
2 минути читање

И покрај тоа што
ПСЖ и Црвена звезда категорично негираа дека средбата на „Паркот на принцовите“
била наместена, медиумите продолжуваат да пишуваат на оваа тема.

Денеска од Србија
пристигнаа повеќе детали, „Информер“ пренесе дека имало стотина уплати од над
5.000 евра за пораз на Црвена звезда од пет гола разлика а алармите биле
вклучени кога некој во Азија се обидел да уплати дури 200.000 евра.

„Лекип“ пак
пишува дека на УЕФА сомнителни им се дури три гола на мечот во Париз. Се работи
за вториот погодок на Нејмар во 22. минута, голот на Кавани во 37. минута и
погодок на Мбапе во 70. минута.


Европската куќа
на фудбалот смета дека дефанзивата на Црвена звезда била прилично пасивна во
овие акции. Дали има нешто сомнително проценете сами од видеата од овие три гола.



Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани