УЕФА ќе го менува правилото за кое многумина сметаат дека е застарено и нема место во модерниот фудбал

by
2 минути читање

Во Нион,
Швајцарија, вчера започна 20. Форум на елитни тренери, во седиштето на УЕФА се
собраа голем број на звучни тренерски имиња како Жозе Мурињо, Хулен Лопетеги,
Масимо Алегри, Диего Симеоне, Карло Анчлети, Томас Тухел, Унаи Емри, Рафа
Бенитез и Арсен Венгер. Тие размениле
мислења и идеи со УЕФА, дебатирале за промени во клупските натпреварувања под
капа на УЕФА и иднината на европскиот фудбал.

Тренерите како
предлог дале летниот трансфер пазар да биде унифициран, да заврши пред стартот
на новата сезона, и да заврши во исто време во сите топ првенства. Исто така, било
побарано од УЕФА да се промени правилото гол во гости кое беше воведено во 1965
и се користи за да се реши победникот во нок-аут мечеви кога вкупниот резултат
е изедначен (гол во гости вреди како два дома).

Голем дел од
фановите сметаат дека ова правило е застарено и нема место во модерниот фудбал,
а истото го мислат и тренерите кои веруваат дека во денешно време многу е полесно
да се постигне гол во гости.

„Тренерите
сметаат дека да се постигне гол во гости не е толку тешко како во минатото… па
мислат дека правилото треба одново да се разгледа и токму тоа ќе го сториме“

вели Џорџо Маркети, заменик генерален секретар во УЕФА.

„Тие сугерираат
дека фудбалот се има променето и тежината на голот во гости не е иста како пред
многу години кога правилото беше воведено“.

Долго време се сметаше
дека ова правило ги охрабрува гостинските тимови да играат поофанзивно и да не
се бранат, но тренерите сметаат дека тоа во денешно време е контрапродуктивно,
и додека гостинските тимови можеби размислуваат да нападнат повеќе, ги
принудува домашните тимови да се бранат со цел да не примат гол кој ќе ги чини скапо.
Исто така тренерите сметаат дека ова правило е на штета на тимовите кои
реваншот го играат пред своите фанови.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×