3,K
Швајцарските
репрезентативци со косовско потекло, Гранит Џака и Џердан Шаќири, како и
нивниот колега од националниот тим на таа земја, а воедно и капитен на тимот,
Штефан Лихштајнер се извинија поради гестикулацијата со летање орли во победата
против Србија на Светското првенство во Русија.
„Би било глупаво
тоа да го повториме, тоа никогаш повеќе нема да се случи“ рече Џака пред
насобраните новинари.
„Би сакал да се
извинам доколку некој се навредил додека го гледал мечот“ изјави Шаќири.
„Се извинувам,не
сакав никого да повредам со тој гест“ рече капитенот на Швајцарците, Лихштајнер
кој им се приклучи во таа гестикулација на своите репрезентативни колеги на
теренот.