Најавите се остваријa, Елмас стартува од првата минута против Бенфика!

by
1 минути читање

Фенербахче го загуби првиот меч со Бенфика, но со минимален пораз од 1-0, тоа е и повеќе од добра увертира за спектаклот кој се игра во 20 часот, а кој сигурно ќе биде зачинет со една фанатична атмосфера од трибините.

Тоа што некои турски медиуми го најавија во текот на денот се оствари, нашата голема фудбалска надеж ќе има огромна шанса за докажување на еден меч од исклучително значење сезонава за турскиот гигант.

Холандскиот фудбалски стратег Филип Коку се реши повторно во почетните 11, исто како и на првиот меч во Португалија да стартува со нашиот 18 годишен репрезентативец Елиф Елмас.

Како за потсетување, нашата голема фудбалска надеж ги одигра сите 90 минути во првата пресметка помеѓу овие две екипи.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×