Фановите на Лидс регистрираа интересна реакција на Алиоски (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Лидс тргна со две
победи во воведните две кола, најнапред славеше на домашен терен против Стоукс
со 3-1, а Езгјан Алиоски беше асистент во вториот гол на својата екипа, притоа
македонскиот репрезентативец играше се
до 87. минута, кога беше заменет.

Искусниот
фудбалски стратег, Марсело Биелса верува во квалитетите на Алиоски, а
Македонецот веќе во вториот меч, во победата на гости кај Дерби со 1-4 го
постигна и првиот гол сезонава во Чемпионшиплигата, кога стави точка во
победата на тимот од Еланд Роуд.

Фановите на Лидс
имаа што да видат од својот омилен тим на мечот против Дерби, а воедно и од
нашиот фудбалер кој се прикажа во одлично светло, меѓу другото, регистрираа
една доста интересна ситуација.

Алиоски беше во
кадарот во моментите кога фановите на Лидс ја пееја нивната навивачка химна, „Маршираме
заедно“, а неговата реакција доволно говори за импресиите на Македонецот од атмосферата во тие моменти од средбата…

Можно е и ова да ти се допаѓа

×