Енис Барди, 23
годишниот македонски репрезентативец има важечки договор со Леванте до 2020.
година, офанзивецот лани пристигна во редовите на тимот од Валенсија за 1,5
милион евра кои унгарски Ујпешт ги доби за неговите услуги.
Македонецот за
мошне брз период го прикажа на дело раскошниот талент и огромен потенцијал со
кој располага, па се најде на листата на желби кај неколку гиганти од Европа,
гиганти кои сигурно не би имале никаков проблем со неговата откупна клаузула
која изнесува 25 милиони евра.
Спортскиот
директор на Леванте, Висенте Бланко Тите истакна дека веќе е постигнат договор
со Барди за нов потпис на Македонецот со значително повисоки примања, но и
повисока откупна клаузула, веројатно двојно повисока од моменталната.
„Имавме опција да
го продолжиме неговиот договор и да ја продолжиме соработката на уште неколку
сезони, веќе разговорите се остварени, се’ е тоа веќе договорено“ издвои Тито.