Старт кој ветува, Шкендија и Вардар одиграа реми со четири погодоци во Тетово

by
1 минути читање

Шкендија и Вардар одиграа возбудлив натпревар на стартот од новата сезона, Горан Попов со вистинска бомба на шест минути пред крајот донесе бод за скопскиот тим.

Натпреварот беше отворен со прекрасен гол на Барсегјан од 20 метри по само пет минути игра, Вардар имаше водство од 1-0. Во 14. минута Шкендија пропушти голема шанса да израмни, Ибраими промаши пенал. Вардарци имаа водство на полувремето.

Во вториот дел Шкендија со одличен гол на Ибраими го изедначи резултатот во 54. минута, а во 73. Бојку реализираше за комплетен пресврт и водство на домаќините од 2-1. Попов во финишот не дозволи Шкендија да се израдува.

Дури седум голови беа постигнати на арената „Филип Втори“, Работнички на свој терен загуби од Ренова со 4-3.

Ренова многу подобро го отвори мечот, преку Сулејмани и Јусуфу веќе по 11 минути имаше водство од 2-0, Петковски успеа да намали на 2-1, на одморот се замина со тој резултат.

По само три минути игра во вториот дел Стојановски повторно носи водство од 3-1 за Ренова, Работнички преку Стјепановиќ намали на 3-2, но Стојановски брзо постигна нов гол за нова предност од два разлика за гостите.

До крајот на мечот со автогол на Ристевски, Работнички успеа само да намали на 3-4.

Утре се играат преостанатите три натпревари, Академија Пандев – Македонија ЃП, Победа – Беласица и Силекс – Шкупи.

Фото: ФК Вардар

Можно е и ова да ти се допаѓа

×