147
Академија Пандев ангажираше искусен и докажан фубалер пред почетокот на новата сезона, Стојков ќе биде ново засилување во офанзивата на струмичкиот тим.
„Аце Стојков потпиша за Академија Пандев. Стојков ги договори условите и стави потпис на едногодишен договор со отворена понуда од клубот и за понатамшна соработка. Со доаѓањето на Стојков значајно ќе се засили нападот и ќе се добие потребното искуство на најмладиот тим во ПМФЛ. Стојков во сезоната што следува ќе го носи бројот 77. Поранешниот репрезентативец, од богатата фудбалска кариера има настапувано за тимови како Интер, Специја, Партизан, Арау, Дебрецен…“, стои во соопштението на Академија Пандев.