149
Македонскиот шампион Шкендија пред дуелот со Салцбург ги дозна можните противници за плејофот од Лигата на шампионите или Лига Европа.
Доколку го помине Салцбург ќе се бори против подобриот од дуелот меѓу Црвена звезда и Спартак Трнава за влез во групната фаза од Лигата на шампионите.
Ако Тетовци загубат од австрискиот тим, ќе одат во плејофот од Лига Европа а таму ги чека подобриот од дуелот меѓу Розенборг од Норвешка и Корк Сити од Република Ирска.
Шкендија веќе во среда го игра првиот меч со Салцбург, тој се игра во Австрија со почеток од 19 часот.