„Црвените ѓаволи“ се на чекор до ангажман на Фред од Шахтар, но Бразилецот нема да биде единственото засилување за средниот ред. Со месеци се пишува дека Жозе Мурињо сака да го донесе и Сергеј Милинковиќ Савиќ.
За услугите на Србинот сериозен интерес пројавува и Јувентус, но Лацио не сака да слушне за продажба на играчот, и првиот човек на клубот Лотито порача дека 100 милиони евра нема да бидат доволни за трансфер.
Според медиумите од Англија, Милинковиќ Савиќ не е единствената желба на Португалецот, на листата сега е додадено и името на Марко Верати од ПСЖ.
Сан пишува дека Манчестер јунајтед е подготвен да плати 75 милиони футни за услугите на Италијанецот, додека пак Мирoр вели дека сумата би можела да достигне и 100 милиони фунти.
Марко Верати пред 12 месеци силно се поврзуваше со преселба во Барселона, но минатото лето ПСЖ одби да го продаде играчот. Сепак, ситуацијата сега може да се промени доколку УЕФА го казни шампионот на Франција за прекршување на правилата за Финансиски фер пеј. Доколку се случи едно вакво сценарио и „Светците“ бидат приморани да продаваат, задржување на Нејмар и Мбапе ќе биде приоритет, и други играчи ќе бидат жртвувани за балансирање на сметките.