125
Утре Бразил и
Хрватска ќе ги одмерат силите во еден контролен меч кој со почеток од 16 часот
по наше време е предвиден да се одигра на Енфилд.
На една заедничка фотографија во тунелот од арената во Ливерпул се најдоа фудбалерите од Реал Мадрид, Бразилецот Марсело
и неговите утрешни ривали на теренот, Ковачиќ и Модриќ, тие беа уловени со
насмевки на своите лица, а пред нив беше амблемот на Ливерпул, екипата која
токму од нив загуби во финалето од Лигата на шампионите оваа сезона.
Практично, тие се потсмеваа со нивните ривали од финалето кои ги совладаа со 3-1 за продолжување на доминацијата во Европа.