„Триколорите“
забележаа уште една победа на подготовките за мундијалот, вчера во Ница со 3-1
славеа над Италија. Дидје Дешам може да биде задоволен од изданието на неговиот тим но не и од
перформансите на Пол Погба, кој треба да биде еден од лидерите на
репрезентацијата.
Фудбалерот на
Манчестер јунајтед одигра под очекувањата а кога беше заменет кон финишот на
мечот се слушнаа свирежи од трибините.
Пол Погба исто
така имаше и потег со кој се изглупира за сите пари. Во 75. минута од мечот
реши да се прави мангуп и да шутира од 40 метри. Но обидот беше толку лош што
наместо голот тој за малку ќе го погодеше корнер знаменцето. Веројатно само тој
знае што сакаше да направи.
Speler van +-100 miljoen onderneemt doelpoging. #FRAITA pic.twitter.com/UAUw8aVnFK
— Philippe Crols (@PhilippeCrols) June 1, 2018