Марко Силва седна на клупата на Евертон и порача: Тенденцијата на овој клуб да победува, не смееме да ја промениме

by
1 минути читање

40 годишниот Марко
Силва е именуван за нов тренер на англискиот Премиерлигаш Евертон, а тој на
клупата на таа екипа доаѓа на местото на Сем Алардајс, за кого многумина знаат
да го наречат како „специјалист за гасење пожар“.

Ми се допаѓа
амбициозноста која ја негува Евертон, клубот е во процес на промени во
пристапот на фудбалот, но, неговата традиција ни налага да една работа не
смееме да ја промениме, а тоа е тенденцијата да се победува. Во фудбалот е
невозможно да се добие секој меч, но на секој меч мораме да покажеме дека тоа
го посакуваме. Тоа и ќе го направиме
“ рече Марко Силва.

Силва претходно
ги предводеше екипите на Ешторил, Спортинг Лисабон и Олимпијакос, во
Премиерлигата беше на клупата на Хал, како и Вотфорд.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани