Винисиус како да станува проблем: Кога тој стартува, Реал – губи!

by Стефан
1 минути читање

Реал Мадрид вчера претрпе пораз од Алавес, а по натпреварот големи кртики одат за Винисиус Жуниор. Бразилецот и понатаму се мачи да ја пронајде вистинската форма, иако конечно го прекина голгетерскиот пост во Лигата на шампионите, постигнувајќи гол против ПСВ.

Сепак, во шпанското првенство ситуацијата е поинаква. Винисиус последен пат се запиша меѓу стрелците кон крајот на август, во победата над Реал Сосиедад. Тоа воедно беше негов прв и досега единствен гол во Ла Лига сезонава.

Интересно е што Реал Мадрид без Бразилецот во почетниот состав врза шест последователни победи во првенството. Последен пат Винисиус беше стартер во Ла Лига на 20 септември, во градското дерби против Атлетико Мадрид, кое „кралевите“ го загубија со 1-2.

Потоа следуваше победничка серија од шест натпревари, на кои Реал ги совлада Виљареал, Севиља, Барселона, Расинг, Валенсија и Селта. На ниту еден од овие дуели Винисиус не беше во почетната постава. Бразилецот синоќа повторно се најде меѓу стартерите и Реал Мадрид повторно загуби, па тој се најде на удар на незадоволните навивачи.

На прес-конференцијата по натпреварот, Жозе Мурињо застана во одбрана на Бразилецот, свесен дека следуваат критики од јавноста и навивачите.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×