Пеп Гвардиола најави дека неговиот следен тренерски ангажман би можел да биде на клупата на некоја репрезентација, но истакна дека не брза со враќањето во фудбалот.
Шпанскиот стратег го напушти Манчестер сити на крајот од сезоната 2025/26, по десет години поминати во клубот и вкупно 18 години тренерска кариера во клупскиот фудбал. Досега единствената подолга пауза ја имаше по заминувањето од Барселона, пред да ја преземе функцијата во Баерн Минхен. Тогаш една година се посвети на личен развој и учење, меѓу другото и преку следење на американските спортови.
Во интервју за поранешниот соиграч од Барселона, Ромарио, на неговиот Јутјуб-канал Гвардиола беше прашан дали постои клуб што би сакал да го води, а досега немал можност.
„Репрезентација. Тоа е мојот следен чеко“, одговори Гвардиола.
Каталонскиот стратег досега никогаш во кариерата не работеше како селектор. Во јули преговараше со Италија, но таа понуда ја одби затоа што сакаше да одмори од фудбалот