Фудбалерите на Нотингем форест приредија изненадување во 10. коло од Премиер лигата и на свој терен го совладаа Манчестер сити со 3-1.
Изненадувањето беше најавено по само шест минут игра кога Куња го совлада Донарума. Домаќините продолжија да бидат подобар противник и во наредните минути, па така веќе во 18-тата Делап се погрижи за 2-0.
Со предност од два гола Нотингем замина и на паузата. Манчестер сити брзо во второто полувреме се врати во игра и тоа преку Шерки кој со вистинска „бомба“ во 52-та минута го постигна еден од најубавите голови за 2-1.
Но, по тој гол следеше мирна игра без многу прилики на двете страни, па „граѓаните“ не успеаја да дојдат до израмнување. Точка на натпреварот со нов атрактивен гол стави Делап кој по вторпат стрелаше на 20-тина минути пред крајот.
За Нотингем ова беше само втора победа сезонава со која дојдоа до девет бода на 16-тата позиција, додека Сити остана на 21 и Арсенал сега на врвот има шест повеќе. Прилика да скокне пред Манчестер сити добива Брајтон кој по ова коло, ако победи утре против Брентфорд би бил второпласиран со бод повеќе од тимот на Мареска.