Ветеранот Лукас Окампос со спектакуларен погодок ги воодушеви фудбалските фанови и сериозно се наметна како кандидат за наградата „Ференц Пушкаш“ за најубав гол на сезоната. Аргентинецот блесна на натпревар од мексиканската Апертура, каде што приреди вистинска фудбалска магија.
На дуелот меѓу неговиот Монтереј и Тихуана, Окампос постигна фантастичен гол со ножички со кој ги воодушеви навивачите на трибините. Поранешниот ас на Севиља, Монако, Олимпик Марсеј, Џенова и Милан доби одличен центаршут од десната страна, а потоа со атрактивен удар преку глава, од околу 14 метри, ја испрати топката под гредата во мрежата на противникот.
Со овој погодок Оскампос донесе водство од 3-2, сепак на крајот неговиот тим не победи и дуелот заврши со реми 3-3.
🚨🤯 WHAT AN UNBELIEVABLE BICYCLE-KICK GOLAZO FROM MONTERREY’S LUCAS OCAMPOS. PUSKAS-WORTHY GOAL IN LIGA MX. 🚀🔥 https://t.co/GP1El7lMQL
— All Fútbol MX 🇲🇽 (@AllFutbolMX) November 1, 2026