Mилано го поздрави својот миленик: Големиот Кака се расплака пред преполниот „Сан Сиро“ (ВИДЕО)

by Стефан
1 минути читање

Легендарниот Бразилец Рикардо Кака доби уште едно признание од Милан, откако беше примен во клупската „Куќа на славните“. Неговото враќање на „Сан Сиро“ беше исполнето со силни емоции, а сцените од стадионот ги воодушевија навивачите.

Повеќе од 70.000 присутни на вчерашното дерби со Интер на трибините го скандираа името на некогашниот миленик на „росонерите“, кој не успеа да ги сокрие емоциите и со солзи во очите го доживеа топлиот пречек.

Кака остави длабока трага во дресот на Милан, за кој настапуваше седум сезони. Во тој период одигра вкупно 307 натпревари и постигна 104 погодоци во сите конкуренции.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×