„Старата дама“ вчера доживеа пораз на гостувањето кај Џенова со 2-0, момците на Лучано Спалети веќе заостанува многу зад водечките, но историјата вели дека не е се така загубено.
Јувентус игра далеку под очекувањата на стартот од сезоната, перформансите не се на потребното ниво, статистиката е очајна, и по вчерашниот пораз на гостувањето кај Џенова, момците на Лучано Спалети веќе се во негатива од 11 бода во однос на водечките Интер и Лацио.
И додека се погласни се шпекулациите за отказ на Лучано Спалети и пристигнување на нов тренер (најчесто се споменува Антонио Конте), историјата вели дека не е се така загубено.
Во ерата на Серија А, во која победата се вреднува со три бода, ваков лош старт (три порази во првите девет кола на Јувентус му се случил само двапати.
Првиот пат бил во сезоната 1995/96, кога тимот го предводеше Марчело Липи, а „старата дама“ на крајот заврши како вицешампион, зад Милан.
Вториот пат е во сезоната 2015/16, под водство на Макс Алегри, тогаш Јувентус успеа да се врати на победничкиот пат, ја доби трката со Наполи за титулата и на крајот се радуваше на Скудетото.
ФОТО: X/JuventusFC