Роналдо ја има најдобрата „Златна топка“ во историјата

by Стефан
1 минути читање

„Златната топка“ што Кристијано Роналдо ја освои во 2008 година е прогласена за најдобра во историјата на престижното фудбалско признание, според изборот на навивачите во анкетата на „Франс Фудбал“.

Португалската ѕвезда дојде до ова признание по фантастичната сезона во дресот на Манчестер Јунајтед, во која имаше клучна улога во освојувањето на титулите во Премиер-лигата и Лигата на шампионите. Роналдо во сите натпреварувања постигна 42 гола, со што потврди својата доминацијаа таа година.

Покрај признанието на Роналдо од 2008 година, меѓу највисоко рангираните се најдоа и „Златните топки“ на Лионел Меси од 2012 и 2023 година, како и оние на португалскиот ас од 2016 и 2017 година.

Изборот на навивачите уште еднаш потсетува на извонредната сезона на Роналдо во 2007/08 година, период во кој тој го зацврсти своето место меѓу фудбалските великани и започна да се оформува големото ривалство со Лионел Меси, кое со години го одбележуваше светскиот фудбал.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×