606
Екипата на Вардар денеска беше поразена од Тиквеш во осминафиналето од Купот на Македонија со што најтрофејниот македонски клуб остана без шанси за двојна круна која беше најавена како една од целите пред почетокот на сезоната.
По поразот од 3-1 на натпреварот на теренот на ФФМ во Ново Лисиче од таборот на Вардар најавија жалба.
Според нивната реакција во таборот на Тиквеш имало играч кој немал право на настап.
„Претставникот на ФК Вардар АД на натпреварот Вардар – Тиквеш 1:3, на записникот од натпреварот најави жалба за неправилен настап на фудбалер на гостинската екипа“, кратко најавија од Вардар.