24
Нероазурите добија уште еден натпревар со пресврт во Серија А оваа сезона, овојпат губеа од Фиорентина и победија со 2-1.
Интер освои 13 бодови оваа сезона во натпревари во кои имаше негатива.
Овојпат Фиорентина прва се израдува во Милано, Хименез во 65. минута постигна фантастичен гол од далечина за водство на виолетовите од 1-0.
Течеше 91. минута кога Тирам погоди за израмнување на 1-1 и ја врати надежта на Интер дека може да се дојде и до победа.
Неколку минути подоцна судијата свирна пенал за Интер, Зиелински постигна гол за комплетен пресврт и победа од 2-1.