Растодер стрелец во европска победа за Панатинаикос!

by riste
0 минути читање

Македонскиот напаѓач, Елмин Растодер постигна гол во победата на Панатинаикос на гостински терен кај Каират, грчкиот тим славеше со 5-1 во меч од Конференциската лига на УЕФА.

Растодер од клупата за резерви го почна мечот, во игра влезе во 56. минута кога Панатинаикос веќе водеше со 3-0.

Македонскиот фудбалер постигна гол на 15 минути до крајот на мечот, тогаш за водство на грчкиот тим од 5-0.

Ова е втор гол за Растодер во дресот на Панатинаикос.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×