Македонија ќе учествува на новиот Мундијал на ФИФА!

by Стефан
2 минути читање

Младата фудбалска репрезентација на Македонија до 15 години ќе учествува на новиот проект на ФИФА, Светското првенство во формат 7+1, кое ќе се одржи во Баку, Азербејџан. На турнирот ќе настапат фудбалери родени во 2011 и 2012 година, а натпреварите ќе се играат во комплексот Ховсан.

Станува збор за иновативен формат наменет за развој на младинскиот фудбал, во кој екипите ќе играат со седум фудбалери во поле и еден голман. Натпреварите ќе траат 40 минути, односно две полувремиња од по 20 минути, со петминутна пауза меѓу нив.

Правилата предвидуваат неограничени, таканаречени „летечки“ замени, изведување на аут со нога, како и офсајд што ќе се применува само во зоната од 23 метри пред гол-линијата. Со ваквиот начин на игра се очекува поголема динамика и повеќе простор за развој на индивидуалните и колективните квалитети кај младите фудбалери.

Македонските надежи во групната фаза ќе одиграат пет натпревари, а со добри резултати ќе имаат можност да обезбедат пласман во елиминациската фаза. За противници во групата ги добија селекциите на Панама, Чад, Кенија, Малта и Нигер.

Селекторот Горан Станковски веќе го објави списокот на фудбалери на кои ќе смета за настапот во Баку.

Голмани: Марио Стојковски (Њу Стар), Максим Ѓоревски (Виена ФЦ).

Одбрана: Стефан Арсов (АИК Стокхолм), Дин Рожајац (ФФМ Академија), Ејман Емини (ФФМ Академија), Јетмир Асани (Вардар), Хамза Зубери (Скопје).

Среден ред: Давор Танески (ФФМ Академија), Фишник Амити (Шкендија), Јоан Ѓорѓиевски (Академија), Стефан Стојаноски (Академија).

Напад: Јован Јанчевски (Академија), Драган Петков (Њу Стар), Доротеј Христов (Скопје).

Настапот во Баку ќе биде нов предизвик за македонските фудбалски надежи, кои ќе имаат можност да се претстават на меѓународна сцена и да стекнат драгоцено искуство во новиот формат на натпреварување.

РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИ:

Сабота, 24. октомври

Македонија – Панама 12:45

Недела, 25. октомври

Чад – Македонија 10:30

Македонија – Кенија 17:15

Понеделник 26. октомври

Малта – Македонија 09:15

Македонија – Нигер 16:00

Можно е и ова да ти се допаѓа

×