Португалијата ја соопшти суспензијата за Роналдо, ќе плати и казна од 255 евра

by Стефан
1 минути читање

Кристијано Роналдо доби казна од Фудбалската федерација на Португалија поради напуштањето на тренинг-кампот пред натпреварот со Данска.

Како што беше најавено и претходно, португалскиот ас е суспендиран на 30 дена, а ќе мора да плати и парична казна во износ од 255 евра.

Според претходните информации на медиумите, самиот Роналдо, во улога на капитен, побарал да биде казнет, свесен дека направил грешка и дека треба да сноси одговорност за својата постапка.

Поради суспензијата, искусниот напаѓач сигурно ќе ги пропушти натпреварите на Португалија од ноемврискиот циклус.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×