14
Брера и Беласица одиграа без голови (0-0) во последниот натпревар од осмото коло во Втората македонска фудбалска лига.
Дуелот на двете струмички екипи не донесе погодоци, па на крајот и двата тима мораа да се задоволат со по еден освоен бод.
Со ремито, Брера ја задржува четвртата позиција на табелата со 15 бодови, додека Беласица се наоѓа на шестото место со три бода помалку.
Во следното коло Брера ќе се соочи со Осогово, додека Беласица ќе ја има предноста на домашниот терен против Македонија Ѓорче Петров.
Инаку, немаше победник и денешниот претходен натпревар меѓу Камјани и Кожуф кој заврши со 1-1.