„Каталонците“ продолжуваат да редат победи, стигнаа до девет од девет во Ла Лига откако вечерва со 2-5 славеа на гостувањето кај Бетис.
Барселона е во фантастична форма на стартот од новата сезона, тоа го покажа и против Бетис, ја освои „Картуха“ со 2-5.
Јамал со прекрасен погодок го отвори резултатот по десет минути гра, Гомез изедначи на 1-1, но пред крајот на првиот дел, Родри со својот гол првенец донесе 1-2.
🚨 Spectacular goal by Lamine Yamal 🇪🇸 Real Betis 0-1 Barcelona https://t.co/ETxT1w9t6I
— Goals Xtra (@GoalsXtra) October 17, 2026
На стартот од второто полувреме, Жезус реализираше за 1-3, но Езалзули одговори веднаш и намали на 2-3 само две минути подоцна.
Но наместо неизвесно продолжение, мечот влезе во доминација на гостите откако Бернал направи глупост и додека неговиот играчи славеа, тој расчистуваше сметки со Ламин Јамал, доби црвен играч и го остави Бетис со играч помалку.
Ерик Гарсија зголеми на 2-4 во 62. минута, а сите дилеми беа решени во 81. минута, Олмо прецизно биеше од врвот на шеснаесетникот за конечни 2-5.
🚨 Dani Olmo makes it five. 🇪🇸 Real Betis 2-5 Barcelona https://t.co/edJMKCWfoP
— Goals Xtra (@GoalsXtra) October 17, 2026
Мечот беше одбележан и од неколку контроверзни моменти, на Бетис му беше поништен гол за 2-2, домаќините протестираа и за високо подигната нога на Фермин Лопез при голот на Барса за 1-3, а сметаа дека им е нанесена неправда и при мешаницата по која Бернал доби црвен картон.
ФОТО: X/FC Barcelona