Киву ги погоди замените, Интер со пресврт до победа над Болоња (ВИДЕО)

by bojan
1 минути читање

Интер останува на врвот на табелата во Серија А откако вечерва со 1-3 славеше на гостувањето кај Болоња, резервистите се покажаа како клучни.

„Нероаѕурите“ на големо изненадување беа поразени од Клуб Бриж во Лигата на шампиони, но веднаш се опоравија со триумф на незгодното гостување кај Болоња.

Побега во 10. минута погоди за 1-0 и навести нова главоболка на Интер, но Турам во финишот на првиот дел изедначи на 1-1, а во продолжението резервистите ја направија разликата.

Карлос Аугусто само што влезе во игра, и со својот прв допир рутински ја смести топката во мрежата за 1-2.

На пет минути пред крајот, левиот бек му асистираше на Бони за 1-3, а во акцијата учествуваа уште двајца играчи кои влегоа од клупата, Чалханоглу и Мхитарјан.

ФОТО: X/Inter

Можно е и ова да ти се допаѓа

×